ВИДЕО: Во Русија има над 430 „гасни џебови“ кои предизвикуваат експлозии и кратери на Арктикот !

94

Русија идентификуваше дури 430 џиновски „гасни бомби“ (џебови) што може да експлодираат формирајќи масивни кратери на Арктикот – потенцијално нарушување на снабдувањето со енергија во Европа.Досега се формирани 17 големи дупки од 2014 година на полуостровот Јамал и Гидан во Сибир поради огромните ерупции на метан во одмрзнувањето на мразот.

Најновиот кратер експлодираше ова лето и феноменот беше поврзан со климатските промени.Но, некои експерти предупредија дека причината за експлозиите сè уште се испитува.Кога мистериозните дупки за првпат беа забележани во 2014 година, се појавија шпекулации дека тие се предизвикани од ракетни тестови на Русија, вонземјани или вештачки направени заради шега.

Но, сега водечки академици повикаа на итна акција во воен стил за да се најде решение за околу 430 испакнати насипи во тундрата, каде што се многу веројатни експлозии во иднина.