ВИДЕО: Во Русија, убиен маж по расправија за неносење на маски во автобус !

79

54-годишен маж во рускиот Санкт Петербург бил избоден со нож по кавга во минибус со двајца патници кои одбиле да носат маска.Снимките од автобусот покажале дека мажот пред излегувањето од возилото прекорил пар, маж и жена, затоа што не носеле маска поради коронавирусот.

По препирката, патникот го удрил мажот без маска и потоа тргнал да излезе од минибусот, меѓутоа тоа го разбеснело Русинот кој почнал да трча по него и го убил.

Телото на жртвата било пронајдено со убодна рана во грбот. Двајцата осомничени биле задржани следниот ден и била покрената кривична пријава.