ВИДЕО: Во Србија, операција се прави и со фолк музика !?

135

Во Србија, снимка од операција стана вистински хит на социјалните мрежи. На неа пациентот кој лежи на операционата маса, заедно со медицинскиот персонал пее народна музика, додека лекарите го оперираат.

Сестрите сакајќи да му го истераат стравот на пациентот, од мобилен телефон му пуштија народна песна и пееја и подигруваа покрај операционата маса.Во еден момент пациентот кој бил во поодминати години, само изразил желба да му дадат ракија и сѐ ќе поминало во најдобар ред.