ВИДЕО: Германската полиција приведе човекојадец – Го убил од сексуални мотиви но и го јадел ?!

258

Полицијата во Берлин уапсила човек осомничен за убиство од сексуални мотиви, но и за канибализам. Апсењето се случило откако полицијата пронашла човечки коски во градскиот парк.Форензичарите на полицијата велат дека жртвата е 44-годишен маж, кој исчезнал пред два месеца, пренесува Би-Би-Си.

Кучиња трагачи и помогнале на полицијата да стигне до осомничениот, 41-годишен професор по математика, пишуваат германските медиуми.Минувачите низ паркот Бух ги пронашле човечките коски на 8-ми ноември.Неименуван полицаец за берлинскиот весник БЗ изјавил дека на едната пронајдена коска немало месо, а има и други индиции дека жртвата Стефан Т. е жртва на канибал.

Осомничениот убиец, кому полицијата му ги објави неговото име и првата буква од презимето – Стефан Р., присуствувал на „релевантни разговори на Интернет“, пренесува германската новинска агенција ДПА.

Жртвата, инаку електроинженер, го напуштил својот стан на 5 септември нешто пред полноќ и не се вратил. Неговите цимери подоцна пријавиле дека исчезнал.