ВИДЕО: Двајца мртви во судир на два камиона и два автомобила во Хрватска !

327

Во сообраќајна несреќа на автопатот А3 во Хрватска околу 16 часот се судриле две товарни возила и два автомобили.

„По подрачјето за одмор во Јежево во источна насока, од засега непознати причини и на неодреден начин, се случила сообраќајна незгода помеѓу два камиона и два автомобила, по што избувнал пожар“, велат во загребската полиција.

Според досегашните информации во сообраќајната несреќа загинале две лица, велат од полицијата.