ВИДЕО: Дрогиран бугарски возач на камион прегазил жена на пешачки па удрил во 12 автомобили, во Бургас !

282

Тешка сообраќајна несреќа во близина на бугарскиот град Бургас. Камион оштети 12 автомобили во малиот град Ајтос, а при удар на еден автомобил кој содржел плински систем настанала експлозија каде изгорела 28-годишна жена, а шест лица биле повредени. Според вестите, возачот на камионот бил под дејство на наркотици.

Камионот натоварен со жито не запрел на пешачкиот премин и удрил во жена која во тој момент ја преминувала улицата а потоа удрил во 12 автомобили, при што еден од автомобилите експлодирал.