ВИДЕО: За 157 дена пливајќи ја обиколил цела Британија или околу 3000 километри !

0
30

Рос Еџли е првиот Британец и прв човек на планетата, воопшто, кој успеа да направи пливачки подвиг на кој треба да му симнеме капа за достигнувањето. Типот успеа во неговата намера да ја обиколи цела Велика Британија со пливање, подвиг за кој му беа потребни 157 дена секојдневно константно 12-часовно пливање.

Еџли преплива должинска дистанца од 2.865 километри. Ако сакате посликовито да ви го приближиме ова растојание, тоа е еднакво на растојанието меѓу Лондон и Москва.

За време на пливањето секој ден, Рос внесувал помеѓу 10,000 и 15,000 калории дневно кои најчесто доаѓале од јаглехидрати и тоа пица, пудинг од ориз, паста и вкупна бројка од 610 изедени банани, како и 314 лименки енергетски пијалок.

Сето ова доаѓало од еден обичен катамаран на кое го поминувал времето за одмор и во кој бил придружуван од трочлената екипа која го следела во оваа авантура.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here