ВИДЕО: Ирански воен авион паднал во вулкан ?!

616

Ирански воен авион се урна на планината Сабалан, во провинцијата Ардебил, потврди агенцијата ИРНА. Спасувачки тимови се испратени во потрага по преживеаните.

Засега не е соопштено за какво летало станува збор, ниту колку луѓе имало во авионот, јавува Раша тудеј. Сведоците наведуваат дека станува збор за борбен авион на иранската војска и дека тој паднал во центарот на вулканот, кој не е активен.

Неофицијално, според информациите на иранската телевизија ИРИБ, станува збор за борбен авион МиГ-29, кој летал од базата во Ардебил.