ВИДЕО: Италијанец седум пати им бегал од затвор на властите – Последен пат пронајден во бачило, меѓу овци !

100

Убиец кој избегал од италијански затвор по седми пат на почетокот на овој месец бил пронајден како се крие во бачило. Џузепе Мастини, наречен „Џони Циган“, на 6 септември бил привремено ослободен од затворот во Сардинија, а потоа исчезнал. Полицијата го пронашла покрај селска куќа во близина на градот Сасари, пишува Би-Би-Си.

Ја обоил косата за да не биде препознаен. Тој наводно и рекол на полицијата дека „побегнал поради љубов“, но не прецизира за што станува збор. Тој бил невооружен и не се спротивставил на апсењето.

Уапсен е и сопственикот на селската куќа, 51-годишниот ковач Лоренцо Панеи, кој е обвинет за криење на бегалецот.Мастини, кој прв избега од затвор во 1987 година, го извршил своето прво сериозно злосторство на 11-годишна возраст. Откако избегал во 1987 година, се криел две години, за тоа време тој убил полицаец, киднапирал млада девојка и извршил десетици кражби.