ВИДЕО: Кинезите кои вчера беа пцуени од младиот скопјанец заради Коронавирусот, биле во Свети Николе и држеле предавање на тема мир, во име на ОН !

919

Странците од видеото што вчера ја запали македонската јавност кои беа брутално вербално нападнати и снимани од скопјанец, кој со погрдни инсинуации и ксенофобични испади ги бркаше од земјава нарекувајќи ги корона, всушност биле претставници на невладина организација при Обединетите Нации на посета во Македонија.

Тие вчера биле во Свети Николе, како дел од невладината организација при ОН Heavenly Culture World Peace Restoration of Light. Да биде иронијата поголема, тие држеле работилница со деца од основно училиште во Св. Николе на тема мир, толеранција и меѓусебно почитување, во паралелки од прво и второ одделение.

Видеото предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, а многумина го прекорија недоличното однесување на човекот.

„Мрш од тука“, „короништа едни“, „вратете се во Кина“, се дел од коментарите на човекот, заедно со недоличните пцовки кои ги упатува кон Азијците.