ВИДЕО: Колумбиските нарко босови даваат 70.000 долари да се убие ова полициско куче оти им открило над 240 нарко-дилери !

0
189

Колумбиското полициско куче Сомбра, или Сенка, женка која во текот на службата открила рекордна количина на дрога, добила преместување поради нејзина безбедност.Разузнавачките извори наведуваат дека нарко-картелот Урабењо ја уценил нејзината глава на 70.000 долари, откако открила 10 тони од нивниот кокаин, пренесува “BBC”.

Картелот Урабењо се смета за најмоќна криминална организација во Колумбија.омбра, женката германски овчар, е преместена од територијата на тој картел на аеродромот во Богота. 6-годишната Сомбра била во пристаништата на атлантскиот брег, вклучувајќи го и Турбо, град од кој тони кокаин со глисери, а понекогаш и со импровизирани подморници се праќаат во Средна Америка и САД.

Минатата година Сомбра открила 5,3 тони кокаин во Турбо, а неодамна пронашла уште 4 тони кокаин, меѓу авто-делови за извоз.

Најголемиот дел од трговијата со дрога го контролира картелот Урабењо, чиј шеф Даиро Антонио Усуга е меѓу најбараните луѓе во Колумбија.Сомбра е дел од единицата уште како мало кученце, а по нејзина заслуга биле уапсени 245 осомничени дилери на дрога.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here