ВИДЕО: Колумбо е виновен што ја откри Америка…урната уште една статуа на морепловецот во Балтимор !

124

Демонстрантите во Балтимор ја соборија статуата на Кристофер Колумбос во текот на ноќта и ја фрлија во Атлантскиот океан. Снимките објавени на социјалните медиуми покажуваат дека демонстрантите со јаже ја рушат статуата во близина на населбата Мала Италија, а потоа деловите ги фрлаат во вода.

Според АП, статуата била подигната во 1984 година и е во сопственост на градот.За време на протестот по смртта на афроамериканецот  Џорџ Флојд, за време на полициското спроведување,  статуата на Колумбо и други личности од колонијалната ера, беа цел на демонстрантите. Тие изјавуваат дека славниот истражувач е одговорен за геноцидот и експлоатацијата на домородците во Северна и Јужна Америка.

Статуите на Колумбо досега се срушени или вандализирани во неколку американски градови, вклучувајќи ги Мајами, Бостон, Ричмонд, Вирџинија и Сент Пол во Минесота.