ВИДЕО: Лекари влегле во авион и извлекле двајца патници заразени со Корона вирус – Патниците во паника !

192

Патници во авион кој требало да патува од Лондон за Пиза со компанијата „Рајанер“  ги фатило паника откако медицинскиот персонал влегол и извадил двајца патници кои се покажале како позитивни на Ковид-19.

Инфицираниот патник и неговата придружба биле принудени да се симнат од авионот неколку минути пред полетувањето од Лондон и биле пренесени во изолационата зона на аеродромот, каде ги чекале здравствените власти.Нивните места биле дезинфицирани пред да полета авионот за Пиза.

Во шокантното видео се гледа како тројца службени лица облечени од глава до петици со заштитна опрема приоѓаат до лице во авионот додека член на екипажот се обидува да ги задржи патниците на своите места.