ВИДЕО: Лекари изгореле пациентка во Романија, со неправилно користење на електричен скалпел !

685

66-годишна Романка починала откако се здобила со тешки изгореници во пожар кој избувнал за време на операција, кога биле неадекватно користени електричен скалпел и средство за дезинфекција на база на алкохол, објавило романското министерство за здравје.

Пациентката починала во неделата вечерта од изгореници кога лекарите се обидувале да ѝ го отстранат карциномот на панкреас.

Државниот секретар на романското министерство за здравје Хорација Молдован рекол дека „хирурзите морале да знаат дека е забрането да се користи средство за дезинфекција на база на алкохол за време на операции кои се изведуваат со електричен скалпел“.

Во допир на скалпелот со запаллива материја пециентката се запалила, напишал на Фејсбук адвокатот Емануел Унгуренау повикувајќи се на сведочења на медицинкиот кадат во болница во Букурешт.

Романскиот болнички систем е соочен со застарена опрема и недостиг на лекари.