ВИДЕО: Министерот за внатрешни на Република Српска, удрил опозиционен пратеник во парламентот ?!

573

Министерот за внатрешни работи на Република Српска, Драган Лукач на седница на парламентот на ентитетот во Бања Лука, предизвика инцидент напаѓајќи го пратеникот на опозицијата, Драшко Станивуковиќ, притоа нарекувајќи го и мајмун.

Лукач најпрво се јави за збор за време на дебатата за документот со назив „Програма за реформи“, за кој опозицијата тврди дека ја води Босна и Херцеговина кон членство во НАТО, а владата на ентитетот ги негира ваквите тврдења.

Потоа Лукач му се закани на Станивуковиќ (Партија за демократски напредок), кој предничеше со остри критики на сметка на власта и тврдења дека таа, заедно со членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, ја замајува јавноста со лажни наводи за содржината на спорниот документ, пренесува хрватски „Индекс“.

Кога Станивуковиќ му пријде и го праша зошто се заканува, министерот за полиција го удри помладиот колега со шлаканица, на изненадување на сите во салата.

„Седи таму, мајмуне“, му рече потоа Лукач за пратеникот Станивуковиќ.