ВИДЕО: Над 80 мртви во пожарите близу Атина – Снимка од авион го покажува пустошот што го прави огнот !

0
115

Додека во Грција продолжува потрагата по исчезнатите во катастрофалните пожари, бројот на загинати се искачи на 80. Ситуацијата е хаотична, жителите пријавуваат свои блиски за коишто не знаат каде се, но може да се меѓу јагленосаните тела чијашто идентификација оди тешко.

Бројот на исчезнати се зголеми на 34. Спасувачите на терен, трагаат по домовите, автомобилите и хотелите зафатени од пожарот. Властите стравуваат дека бројот на загинати ќе се искачи над 100.

Татко на две 9-годишни близначки, бара помош преку медиумите да ги најдат неговите ќерки. Биле со бабата и дедото во Мати, по што им се губи секаква трага, се додека сосема случајно не биле видени на телевизија, во еден од чамците што ги спасувале луѓето по морски пат. Таткото вели дека со сигурност се неговите ќерки, но сега никој не знае каде се девојчињата. Заедно со група граѓани, биле спасени од една од плажите и со брод пренесени до пристаништето Рафина.

Во меѓувреме, Дејли меил објави снимка од патник од авион како изгледаат пожарите во Грција.

https://video.dailymail.co.uk/video/mol/2018/07/24/3880819229332978415/960x540_MP4_3880819229332978415.mp4

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here