ВИДЕО: Народот се собра пред бугарското собрание – Се бара оставка на корумпираната влада на Борисов, почнувајќи од него !

0
187

“Ние не ве сакаме, сакаме да си одиш.“ Со таква порака и повик започна четиридневниот протест, насловен како “Против геноцидот на Борисов и сите владејачки мафии”. Главен повик – Европа да им помогне и да ги осуди сите виновници на мизерната држава во Бугарија, најавувајќи дека на 26-ти септември ќе има протест во Европската комисија.

Формално е испратено известување и барање до до Комитетот за жалби на граѓаните за тоа што се бара со протестот. На прво место – оставка на владата на Бојко Борисов, но без распуштање на парламентот.

Според известувањето Народното собрание треба да гласа структура и состав на техичка влада. Оваа влада ќе ги има следниве четири главни задачи:

1. Да иницира референдум, со кои ќе се протуркаат неопходните законодавни промени, пожелно од граѓаните но одбивани од политичарите кои се “наоѓаат” во власта.

2. Обезбедување на транспарентност и искреност на изборите за референдум бидејќи владата е корупмирана.

3. Стоп за кражбите на државниот буџет преку страната на приходите и расходите, во износ од над 500 милиони лева месечно или 7 милијарди годишно.

4. Да се комплетираат достапните материјали во службите за безбедност и јавен ред во врска со вклученоста на лицата во управувањето на земјата во периодот 1989-2018 година и затвор за сите криминалци од власта.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here