ВИДЕО: На аукција продадоа дело на Банкси за 1.4 милиона долари а потоа истото се самоуништи ?!

0
117

Дело на мистериозниот уличен уметник Банкси се продаде за рекордна цена на аукција синоќа, а веднаш потоа се самоуништи.

Копија слика на едно од најпознатите дела на Банкси, графитот „Девојче со балон“, беше ставена на аукција преку „Сотби“ синоќа во Њујорк и постави рекордна цена од 1.400.000 долари.

Откако заврши наддавањето за сликата што била купена директно од уметникот во 2006 година, се огласи аларм и сликата почна да се уништува во „шредер“ што бил скришно вграден во рамката. Вработени во аукциската куќа веднаш побрзаа да го тргнат делото пред да се уништи целосно.

„Се чини дека Банкси нѐ насамари“, рече Алекс Брансик, шеф на одделот за современа уметност на „Сотби“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here