ВИДЕО: Нема веќе Мистер Бин – Ликот заминува во пензија !

Еден од најдобрите комичари, Роуан Аткинсон, кој го отелотвори ликот на легендарниот Мистер Бин, рече дека нема веќе да се појавува во оваа улога.

0
117

„Се сомневам дека тој некогаш пак ќе се појави. Стигнувате до точка кога сфаќате дека сте дале сѐ што сте можеле да дадете, но – никогаш не вели никогаш“, рече 63-годишниот актер во Шоуто на Греам Нортон каде гостуваше.

Аткинсон исто така рече дека до ден-денес луѓе го застануваат на улица и му кажуваат дека личи на Мистер Бин.

„Кога на еден човек му реков дека јас сум актерот кој го играше Мистер Бин, ми рече: ‘Сигурно би сакал да си. Сличноста е толку неверојатна, што би можел да работиш како негов двојник, ќе се збогатиш’“, раскажува Аткинсон.

Иако публиката го памети по комични улоги, актерот откри дека во приватниот живот воопшто не е забавен.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here