ВИДЕО: Од бизнисмен до затвореник – Екстрадиран Ивица Тодориќ, хрватскиот сопственик на „Агрокор“ !

Хрватскиот бизнисмен Ивица Тодориќ вечерва ѝ беше предаден на Хрватска и за неполн час од слетувањето во Загреб беше префрлен во затворот Реметинец

0
128

Тодориќ синоќа околу 21 часот слета на загребскиот аеродром „Фрањо Туѓман“ и директно од авионот беше одведен во полициско комби со кое беше превезен во затвор.

Поранешниот шеф на компанијата Агрокор во главниот град на Хрватска пристигна точно една година откако по потерница беше уапсен во Лондон, јавуваат хрватските медиуми.

Истрагата против Ивица Тодориќ, неговите синови Иван и Анте и дванаесет менаџери и ревизори на Агрокор почна минатата година поради незаконско стекнување милијарда и 142 милиони куни (околу 150 милиони евра), при што истражен затвор беше одреден само за Ивица Тодориќ.

На аеродромот „Фрањо Тужман“ во Загреб пред пристигнувањето на Тодориќ имало голем број полицајци.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here