ВИДЕО: Од остатоците на авионот кој се урна во Казахстан, извлечено живо бебе !

788

Од авионот кој утрово се урна во Казахстан, во кој според најновите информации загинаа 12 лица, спасувачите извлекле бебе.

Леталото во кое имало 93 патници и пет членови на екипажот се урна при полетувањето. Спасувачите од авионот ги извлекоа преживеаните, од кои неколкумина биле заглавени под раскршениот авион.

На снимките од спасувњето се гледа како униформиран маж трча низ снегот, држејќи во прегратка бебе облечено во бел скафандер. Мажот трча кон Итната помош за да му се пружи лекарска помош на бебето. Состојбата на бебето засега не е позната.На снимката под 38,48 може да го видите мажот со бебето.