ВИДЕО: Осум деца повредени откако тобоган се откачил во Англија !

0
63

Осум деца се повредени на југот на Англија кога се урна тобоган на дување во текот на одбележувањето на „Ноќта на кладата“.Инцидентот се случил во Вокинг, 40 километри југозападно од Лондон, каде илјадници луѓе се собраа да го гледаат огнометот.

Новинарот Енди Дејтсон рече дека видела како околу 40 играле на тобоганот, висок, според негова проценка, околу 9 метри, пренесе АП.„Гардијан“ наведвуа дека огнометот е откажан и дека се евакуирани 12.000 луѓе за да се направи место за слетување на хеликоптерот на итната помош.

Децата се префрлени во болница со „потенцијално тешки повреди“.Ширум Браитанија со огномети се одбележува годишнината од неуспешната завера на Гај Фокс во 1605 година да го крене во воздух парламентот.

Тој ден се одбележува како „Ноќ на огнометот“ или „Ноќ на кладата“. Интересно и саркастчно звучи, како што пишува „Дејли меил“ што некои родители биле позагрижени дали ќе им бидат вратени шесте фунти за карта.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here