ВИДЕО: Папата Франциско, изнервиран удри жена по рака која го влечеше за рака !

642

Папата Франциско во невидено издание“, “Папата се покажа во лице какво го немаме видено досега“ – со вакви наслови во медиумите се пренесува непријатната ситуација во која се најде Папата синоќа додека се поздравуваше со насобраните верници на плоштадот “Свети Петар” во Рим.

Додека тој се ракуваше и поздравуваше со децата, една жена го зграпчи за рака и грубо го повлече кон себе. Папата како да не знаеше што го снашло и не можејќи поинаку, мораше на груб начин да се ослободи од жената.

Тој ја удри по рацете за да го пушти и да може да продолжи со поздравувањето. Подоцна тој се извини за реакцијата.