ВИДЕО: Првиот полицаец Нухиу потпишал акт за двојазични униформи на МВР ? Заев уште во 2017 кажа дека тоа e противуставо !

121

Министерот за внатрешни работи Агим Нухуи претходно на Фејсбук објави дека ги потпишал правните акти за воведување двојазични натписи на униформите на полицијата.

МВР попладнево потврди дека министерот Агим Нухуи ги потпишал правните акти за воведување двојазични натписи на униформите на полицијата, кои се во согласност со одредбите од Законот за употреба на јазиците.

Но притоа укажуваат дека Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за униформата и ознаките на униформата на Полицијата ја носи Владата, а по нејзиното донесување се носи Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за носењето, времето на траење и распределбата на униформата и ознаките на униформата од страна на министерот за внатрешни работи.

Повикувајќи се на правното мислење од тамошната служба по објавата на Нухиу на Фејсбук, од МВР истакнуваат дека во Законот за употреба на јазиците („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/19) во членот 1 е утврдено дека на целата територија во Република Северна Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Во продолжение на истиот член се утврдува дека друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните (албански јазик), исто така, е службен јазик и неговото писмо, согласно овој закон.

Според тоа, посочуваат од МВР, согласно член 8 став (3) од наведениот закон, униформите на полицијата; пожарникарството; здравството; во Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик се напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо.

Кога во март 2017 година претседателот на СДСМ, Зоран Заев ја претставуваше програмата на идната влада предводена од СДСМ, категорично тврдеше двојазични банкноти и двојазични униформи нема да има. Одговарајќи на новинарски прашања, Заев рече дека не бегаат од дебата за сите прашања, но дека според експертите кои ги консултирале, воведување двојазичност на банкнотите и на униформите на Армијата е противуставно. (види снимка на 2:20)