ВИДЕО: Промовиран холивудски филм, снимен во Скопје, а една од сцените е на „Милениумскиот крст“ !

151

На познатата филмска страна IMDB се појави трејлер и податоци за филм кој е снимен во Скопје, како и на Милениусмкиот крст на Водно. Филмот носи наслов “Angels fallen” (Паднатите ангели) кој е промовиран на 14 јануари годинава.

Филмот, има лоша критика, и засега нема кино-проекции. Главната улога ја толкува Ерик Робертс, брат на познатата актерка Џулија Робертс. Ако е за утеха, можеби филмот е лош, но затоа пак Скопје беше дел од холивудската продукција. Филмот веќе може да се симнува нелегално и на интернет.