ВИДЕО: Русија утре ги почнува најголемите воени вежби во историјата !

Русијаутре ќе ја започне најголемата воена вежба во својата историја, а НАТО истата ја осудува како обид за „конфликт од голем опсег“. Ќе учествуваат речиси 300.000 војници, вклучувајќи ги сите видови на војска, како и кинеска и монголска војска за поддршка.

0
144

До масовно распоредување и учество на кинеската и монголска војска во вежбите наречени „Исток 2018“ (Восток 2018), организирани од 11 до 17 септември во источен Сибир и на рускиот Далечен исток, доаѓа во контекст на постојани тензии со Западот, при украинската криза, конфликтот во Сирија и безбројните обвинувања за вмешаност во западната политика.

Руската војска ја споредува оваа демонстрација на сила со „Запад-81“, воена вежба во која пред речиси 40 години биле мобилизирани меѓу 100.000 и 150.000 војници од Варшавскиот пакт во Источна Европа, кои биле најголеми маневри некогаш организирани во советската ера.

На вежбите „Исток 2018“ ќе учествува цел модерен репертоар на руската војска: ракети Искандер, способни да носат нуклеарни глави, тенкови Т-80 и Т-90 и најновите борбени авиони Су-34 и Су-35. На море, руската флота ќе распореди неколку фрегати опремени со ракети Калибар кои се докажани во Сирија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here