ВИДЕО: Се урна патнички авион во Казахстан – Од 95 патници, 15 мртви !

516
In this handout photo provided by the Emergency Situations Ministry of the Republic of Kazakhstan, police and rescuers work on the side of a plane crash near Almaty International Airport, outside Almaty, Kazakhstan, Friday, Dec. 27, 2019. Almaty International Airport said seven people died on Friday in the crash of a Bek Air plane in Kazakhstan. The aircraft had 100 passengers and crew abroad, and hit a concrete fence and a two-story building shortly after takeoff. ( Emergency Situations Ministry of the Republic of Kazakhstan photo via AP)

Казахстански авион со 95 патници и пет членови на екипажот се урна во близина на аеродромот во Алма Ата. Локалните медиуми јавуваат дека имало преживеани, но оти досега се пронајдени 15 мртви тела.

Авионот летал за Нур-Султан, кој порано беше познат како Астана и кој е главен град на Казахстан.

Авионот се урнал 20-тина секунди по полетувањето, откако почнал нагло да ја губи висината. Леталото модел „Фокер 100“ најпрвин удрило во бетонска ограда, а потоа и во два градежни објекта.