ВИДЕО: Траект со 400 патници се насукал во Финска на Балтичко море !

79

Траектот Викинг Грејс со повеќе од 400 патници се насука на финските Оландски Острови на Балтичкото Море, пренесува Би-Би-Си. Во моментов се наоѓа во пристаништето Мариехам.Финската крајбрежна стража соопшти дека бродот бил на карпи, но не бил дупнат. Никој од патниците не е тешко повреден.

Заглавениот траект во сопственост на Викинг Лајн пловел од финскиот град Турку кон главниот град на Шведска Стокхолм, а несреќата се случила попладнево. Причината за несреќата сè уште не е позната.

На бродот има 331 патник и 98 членови на екипажот. Ова е втор пат во последните два месеца траект на Викинг Лајн да се заринка на островите Оланд. На 30 септември траектот Викинг Аморела се насука кај Јерсо и 300 патници мораа да бидат евакуирани. Од тогаш траектот е на поправка.