ВИДЕО: Убиен војникот кој со автомат уби 26 лица низ трговски центар во Тајланд !

597

Војник полн со омраза уби 26 луѓе, а рани 57, во најстрашниот напад со огнено оружје на Тајланд. Беше убиен во трговски центар на североистокот на земјата, соопштија властите.

Тие рекоа дека војникот бил гневен поради финансиски спор, па прво убил двајца луѓе во воена база, а потоа тргнал во многу покрвав поход, пукајќи во трговскиот центар додека купувачите престрашено бегале.На полицијата ѝ требаа 16 часа за да ѝ стави крај на кризата.

Министерот за јавно здравје на Тајланд, Анутин Чарнвиракул, потврди дека војникот е убиен во трговскиот центар Терминал 21.

Локалните медиуми објавија и снимки на кои војникот излегува од автомобил пред трговски центар и пука додека луѓето бегаат.АП известува дека мотивот за нападот е спор околу земјиште.