ВИДЕО: Француска студентка сексуално вознемирувана па нападната во кафуле во Париз во сред бел ден !

Франција е шокирана од напад врз студентка кој се случил во Париз. Мари Лагер шетала по улица додека зад неа одел маж кој почнал да ѝ дофрла навредливи коментари со сексуална конотација.

0
145

Лагер има 22 години и на француското државно радио раскажа што се случило тој ден.Таа кажа дека минатиот се враќала од работа околу 19 часот кога маж почнал да ѝ дофрла. „Не беше тоа првпат, ни тој ден ни тој месец. Сето тоа полека се собираше. Се налутив и му кажав да замолчи. Не мислев дека ќе се слушне, но ме слушна“, раскажа студентката за Француското радио.

Тогаш мажот станал агресивен и фрлил кон неа пепелник, промашувајќи ја за неколку сантиметри. Сето ова се случувало во непосредна близина на тераса на париско кафуле, чија надзорна камера снимила сѐ, а снимката беше објавена.Откако го фрлил пепелникот кон девојката, мажот ѝ се приближил и ја удрил.

Тогаш гостите на кафулето забележале што се случува и му викнале на мажот и тргнале кон него, а тој почнал да бега. Девојката, пак, решила да замине дома, но патем се предомислила. Се вратила во кафулето и побарала гостите да бидат сведоци и го пријавила случајот во полиција.

Гостите се согласиле, а од кафулето ѝ ја дале снимката од нападот за да може да го пријави напаѓачот. Снимката во меѓувреме на интернет е погледната над 900.000 пати.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here