ВИДЕО: Црногорец вози со 90 км/час, со отворен „гепек“ и мало дете на задното седиште ?!

45

Снимка направена на патот меѓу црногорскиот главен град Подгорица и Никшиќ, на која се гледа како дете се вози на задното седиште од автомобил, со отворена врата од багажникот, се појави на социјалните мрежи, а потегот на возачот, кој вози со 90 км на час, наиде на револт на социјалните мрежи. Видеото е објавено на инстаграм но бргу се прошири и стана топ тема.