ВИДЕО: Чадот од пожарите во САД стигна до Европа – 30 милиони тони јаглероден диоксиод прелетале 8000 километри !

212

Европската служба за следење на климата објави дека чадот од шумските пожари на западниот брег на САД стигнал дури до Европа. Пожарите веќе зафатија речиси два милиона хектари во западниот дел на САД.

Сателитските податоци на Службата за следење на атмосферата „Коперникус“ (КАМС) покажаа дека шумските пожари што ги опустошија Калифорнија, Орегон и државата Вашингтон биле неколку десетици до стотици пати поинтензивни од просекот во последните неколку години.

Поради силните атмосферски системи, чадот од пожарите бил со денови заробен над западниот дел на Северна Америка предизвикувајќи потенцијално опасен квалитет на воздухот во градовите како Портланд, Орегон, Ванкувер и Сан Франциско.

КАМС објави дека честичките чад од пожарот стигнале дури 8.000 километри подалеку на исток, до северна Европа.Се проценува дека пожарите ослободиле повеќе од 30 милиони тони јаглероден диоксиод од средината на август.