ВИДЕО: Шпанската полиција уапсила двајца Срби барани со потерница – Во куќата пронајдена и лабораторија за марихуана !

173

Шпанската полиција уапси двајца Срби за кои била распишана меѓународна потерница. Еден од нив се барал за нападот на стадионот „Црвена звезда“ во Белград. Дваесетина припадници на полицијата влегле во куќата на бегалецот и во неа пронашле уште еден српски државјанин, како и лабораторија за одгледување марихуана. Уапсен е и друг Србин.На местото на апсењето е пронајдено и возило украдено во Португалија.

Истрагата започнала во мај, кога полицијата дознала дека има индиции дека бегалецот се крие во Шпанија, а потоа успеале да го лоцираат во неговиот дом во Малага.