„Викенд без ДДВ“ не ги даде очекуваните резултати: Наместо предвидените 170 милиони евра, промет од само 9 милиони !

108

Владината мерка „Викенд без ДДВ“ не ги даде очекуваните резултати. Иако Владата првично очекуваше промет од 170 милиони евра за викендов, сепак тоа не се случи. Во викендот без ДДВ остварен е промет од речиси 9 милиони евра.

„Во деновите 10, 11 и 12 октомври 2020 година, вкупно 204.088 граѓани купиле македонски производи и услуги како и компјутерска опрема и издадените фискални сметки ги скенирале преку апликацијата МојДДВ. Притоа е остварен промет од 558 176 715 денари со што граѓаните ќе остварат враќање на ДДВ во износ од 66 853 929 денари,“ информираат од УЈП.

Hands holding and showing an empty wallet

„Затоа што прво е сиромаштија , луѓето штедат пари дури и да им дадете 18 посто повраток викаат ќе купам тоа што ми треба. Прометот е некаде до 5 пати зголемен, некаде до три пати зголемен, зависи за кои производи се потрошени парите“, посочи Зоран Заев.

Дека мерката Викенд без ДДВ ќе биде без ефект предупредуцваше и опозицијата. Тие реагиораа дека таа е задоцнета, но и се спроведува во услови на пандемија. Од ВМРО ДПМНЕ бараат наместо еден, да има 4 викенди без ДДВ за граѓаните.