Виктор Паунов нов претседател на ВМРО ДПМНЕ – Карбинци

0
904

Виктор Паунов е нов претседател на ВМРО ДПМНЕ – Карбинци. На неговата прва прес конференција, Паунов ги истакна своите и Партиските приоритети:

„За мене , најзначајни вредности се чесноста, искреноста , транспарентноста. Така ќе биде и во политиката. Цврсто ќе стојам зад овие вредности“, кажа Виктор Паунов, прет. на ВМРО ДПМНЕ – Карбинци.

На прес конференцијата, Паунов зборуваше и за претстојниот референдум:

„Во моментов сме во една од најтешките политички и емотивни ситуации во историјата на Македонија. Пред нас е референдумот со чија содржина, не само што не се согласуваме, туку крајно го осудуваме капитулантскиот договор со нашиот јужен replica watches UK сосед. ВМРО ДПМНЕ излезе со јасен став во однос на референдумот. Легитимно право е секој граѓанин да се изјасни по однос на ова прашање. Оставаме на граѓаните да одлучат“, истакна Паунов.

Во време на референдумска кампања, ВМРО Карбинци има и многу интерни обврски. Во тек се формирањето на партиските тела и комисии, места за кои можат да се пријават сите тамошни партиски членови.

https://www.youtube.com/watch?v=JPU5w6Nf7XM&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here