Виница во светот се прослави преку теракотните иконужи. Општината одбележа 40 години од нивното пронаоѓање

0
94

Виница слави голем јубилеј – 40 години од откривањето на теракотните икони. Прославата на четирите децении од кога се регистрирани и документирани првите цели примероци и неколку фрагменти на релјеф, симболично се одржа на Виничкото Кале :

  • Сакаме да ги менуваме работите, сакаме да наметнеме нов имиџ на Виница. Паралелно со археолошките богатства, заеднички да ги истражуваме и промовираме културните потенцијали на нашиот град, кажа Ивица Димитров, градоначалник на Виница.

Во склоп на одбележувањето на овој јубилеј, градоначаникот Димитров им врачи плакети на две личности :

  • Кои ја носат најголемата заслуга во откривањето и афирмацијата на теракотните икони, тоа се д-р Коста Балабанов и археолог Цоне Крстевски, соопшти Димитров.
  • Треба да сме горди што Виница го има ова археолошко богатсво, но истото треба сериозно да се чува, истакна д-р Коста Балабанов, археолог.

Изложени беа и 14 дела од најголемата колекција на икони, а во склоп на програмата беше подготвена и реконструкција на настан:

  • Тоа е реконструкција на местото каде се најдени иконите, ја изработи нашиот колега, директорот на Домот на културата, Јовица Илиевски, кажа Јулијана Иванова, дир. на Музеј „Теракота“ – Виница.

Овие активности се на еден начин почеток на одбележување на неколку дневната програма, по повод 74 години слободна Виница.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here