Виница е должна да го поддржи референдумот бидејќи води во ЕУ

0
151

Дури 10 пати повеќе пари се инвестирани во Виница во однос на лани, односно околу 260 милиони денари. Овој исчекор на Виница е неслучаен и во него партиципираат Владата, Европската Унија и локалната самоправа, беше речено вчера на трибината во Виница, каде присуствуваа претставници од бизнис заедницата, премиерот Заев и градоначалникот Ивица Димитров.

Од овие причини, динамичниот развој на Виница директна поддршка за референдумот беше искажана и од бизнис заедницата:

„Тука сум да дадам поддршка на тој процес кој Македонија ја турка напреди кој еднаш засекогаш ќе ги реши најгорливите прашања. Чест ми е да гласам на овој референдум во недела“, истакна Глигор Цветанов, ген. дир. на „Макпрогрес“.

За премиерот Зоран Заев, оваа кампања е релаксирана и пријатна, но и исклучително одговорна, за оваа генерација македонци – историска :

„Затоа што зборуваме за перспективи. Од оваа одлука зависи иднината на нашата земја, на нашата татковина Република Македонија, но зависи и иднината на нашите деца , на нашите внуци“, кажа Зоран Заев, премиер на РМ.

compra orologi replica За градоначалникот на Виница, Ивица Димитров, поддршката на референдумот во случајот на Виница е сама по себе задолжителна, бидејќи Виница веќе на Европа и должи голем број на реализирани проекти со европски пари :

„Реконструкција на патот од манастирот Св.Спас до село Бигла, Делчево во вредност од 42 милиони денари, спортска сала во основното училиште „Славчо Стојменски“ во вредност од 25 милиони денари, реконструкција на 4 км водоводна мрежа во граот и многу други проекти. Ова е обезбедено благодарение на претпристапните фондови на ЕУ“, рече Ивица Димитров, градоначалник на Виница.

Со успешен референдум и влез во ЕУ и НАТО се обезбедува стабилност во бизнис секторот, којшто пак ќе може да обезбеди развојна компонента и повисоки и сигурни плати. Секако, ова за Виница е и надеж дека конечно темпото на големото иселување ќе се подзабави.

 

https://www.youtube.com/watch?v=x1uMrLBwF3c&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here