Вицепремиерот Анѓушев во Свети Николе ги пофали владините економски мерки

0
92

30% зголемено производство, 60% поголем извоз. Ова се резултатите од државната мерка за ослободување од царина за увоз на замрзнато свиснко месо наменето за преработка.

Истите беа презентирани денес, при посетата на вицепремиерот Кочо Анѓушев на компанијата Мик Свети Николе :

„Навистина состојбата беше таква да добар дел од индустристките капацитети во месната индустрија беа пред затварање или веќе беа затворени. Крајно време беше таква мерка да биде донесена“, истакна Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања.

Ова секако, веднаш донело позитивни резултати :

„Ова значи почитување на обврските што ги презедовме – поголема застапеност на домашните производи во домашните маркети, зголемување на платите и слично“, кажа Гоце Трајчев, управител на Мик Свети Николе.

Освен оваа мерка, позитивни ефекти според Анѓушев, донеле и парите од Фондот за иновации. Дел од нив, искористила и светиниколската компанија БИМ :

„Направиме палетизер за готовата роба, направивме еден топлински изменувач како го скративме времето за подготовка на масата за четири часа итн“, објасни Стојанче Стојанов БИМ Свети Николе.

„Мене ме радува што стопанствениците тоа го препознаваати похрабро инвестираат во своите производни капацитети“, дополни Анѓушев.

При денешната посета, претставниците на месната индустрија на вицепремиерот му го доставија барањето за продолжување на мерката за ослободување од царина за уште шест месеци.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here