Вицепремиерот Хазби Лика шест месеци не дошол на работа во Владата, но затоа пак потрошил по ресторани над 4000 евра !

0
84

Вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика за угостителски услуги во рамки на државните институции и за ресторани и кафеани надвор од институциите додека одел на работа потрошил 235.163 денари или околу 4 илјади евра, покажува, алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции. Тука влегуваат 130.713 денари за угостителски услуги во рамките на институциите, а 104.450 денари се ресторани надвор од институциите. Во странство потрошил само 5.227 денари.

Алатката содржи податоци заклучно со мај. Заклучно со мај и вицепремиерот Лика престанал да се појавува на седниците на Владата. Нема податоци дали вицепремиерот, покрај платата што ја зема, иако не се појавува на седници, уште користи и одобрени средства од буџетот за репрезентација и патувања.

Алатката за трошење на функционерите деновиве стана повторно актуелна откако министерот за култура Асаф Адеми се пофали дека откако е министер, од 4 јуни има потрошено помалку од 10.000 денари за патни трошоци и репрезентација. Тој овој податок го објави на официјалната страница на Министерството за култура, па неговиот шеф на Кабинет Фатон Фазлиу на својот фејсбук профил праша: „Зошто другите министри Албанци не ги објават своите трошоци на интернет страниците на своите министерства?“.

Асаф Адеми е министер кој доаѓа од Беса, а другите министри Албанци, вклучително и вицепремиерот Хазби Лика се од ДУИ.

Вицепремиерот Хазби Лика не доаѓа на седници на Владата од мај оваа година. Според записниците објавени на веб сајтот на владата тој не присуствувал на седниците до 13 октомври 2018 година.

Прес службата на Владата упати одговор на прашањето дали Лика доаѓа на работа да побараме во неговиот кабинет. Во Кабинетот на Лика, ниту неговиот шеф на Кабинет, ниту пак одговорната за односи со јавноста викендов не одговараа на мобилните телефони. Според објавите на неговата Фејсбук страница, тој одвреме-навреме прима странски гости во својот кабинет. Последната таква средба е од 2 октомври со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Клеменс Која.

Неофицијално, Лика не доаѓал во кабинетот поради тоа што е револтиран од лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој во една внатрепартиска битка не го поддржал, туку застанал на страната на друг висок партиски функционер. Тој е бивш командант на терористичката ОНА инволхазби

лика

работа

влада

учк

пари

виран дури и во крвавиот пир во Вејце.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here