Владата објави четврт пакет од 31 мерка вредни 470 милиони евра !

198

Презентиран сетот мерки од четвртиот пакет кој го усвои Владата во вкупна вредност од 470 милиони евра, со кој, како што рече, не е заборавен никој. Заедно со претходните три пакети на граѓаните и стопанството, како што кажа, за надминување на последиците од здравствено-еконосмката криза им се доделени над една милијарда евра.

Четвртиот пакет, кој има вкупно 31 мерка, е директна поддршка за економската и социјална сигурност.Прва мерка е продолжување на поддршката за исплата на плата во последните три месеци. Како што рече таа ќе биде скалеста и ќе зависи од падот на приходот кај компаниите. Колку е поголем падот на приходите толку ќе биде поголема поддршката која ќе се движи од 14.500 денари до 21.776 денари. Со оваа мерка ќе бидат поддржани 250000 работни места, а вредноста е 70 милиони евра.

Втората мерка е платежна картичка за поголема потрошувачка во износ од 6.000 денари, а ќе ја добијат 5726 самохрани родители 182271 пензионер со пензии до 15.000 денари, 85108 пасивни баратели на работа, 520 самостојни уметници.., рече Заев, додавајќи дека ќе ја добијат и оние граѓани над 64 години кои немаат пензија, а се со приходи пониски од 15.000 денари или воопшто немаат приходи. Оваа мерка е наменета за 280000 граѓани кои ќе бидат поддржани со 27,6 милиони евра, а платежни картички „Купувам домашно“ ќе добијат уште 540 студенти, кои во претходниот пакет не ги добија овие картички, а поддршка за ученички и студентски стандард од 44 милиони денари за 2020 година добиваат 884 студенти и 347 ученици.Како трета мерка, додаде, е зголемувањето на грејс периодот кај бескаматните кредити од КОВИД-1.

Со четвртата мерка од новиот пакет, посочи, се обезбедени нови 100 милиони евра поволни кредити од Развојната банка.Петтата мерка е поддршка со плати за туристичките водичи.

Шестата мерка – Поврат на туристичката такса за 2019 година.На 4.740 субјекти кои организирале ноќевања во 2019 година, ќе им бидат вратени 2 милиони евра, колку што изнесува вкупниот износ на туристичката такса инкасирана во таа година.

Семата мерка е Грантови за туристички агенции.Корисници на оваа мерка ќе бидат 500 туристички агенции, а нејзината вкупна вредност изнесува 1,9 милиони евра за грантови од 3.000 до 7.000 евра за сите туристички агенции во зависност од бројот на вработени и од вкупниот промет во 2019 година, и во зависност од тоа дали се носители на А или Б лиценца.

Осмата мерка формирана низ процесот на консултации со стопанските комори е Намалување и/или укинување на парафискалните давачки.Мерката број девет, додаде, е Грантови за ресторани за свадби преку која поддршка ќе добијат сите регистрирани и лиценцирани субјекти за оваа дејност, во вкупна вредност од 1 милион евра.

Грантовите одделно се во висина од 3.000 до 10.000 евра, во зависност од остварениот промет во 2019 година. Како 11 мерка се Грантови за игротеки за деца.За околу 1.000 игротеки ќе се обезбедат грантови во висина од 1.000 до 5.000 евра во зависност од остварениот промет во 2019 година, а целата вредност на оваа мерка изнесува 2,5 милиони евра,