ВМРО: Дом на млади тоне во декаденција . Трајковски демантира

0
138

Култниот Дом на млади во Штип тоне во декаденција и неморал, тврди локалниот огранок на ВМРО ДПМНЕ. За нив спорни се графитите кои се нацртани на зидовите, а кои како што тврдат, промовираат неетички вредности:

  • Директорот ја обои фасадата на објектот во црна боја и ја исцрта со графити, притоа, не водејќи сметка дека пред неколку години, истиот тој објект беше финансиран со средства од Швајцарската амбасада. Оваа негрижа на истиот се манифестира во страв кај најмладите посетители, кои овде треба да се едуцираат и неверување кај родителите кои своите деца неколку пати во неделата ги доверуваат на оваа културна институција, која треба да ги развива нивната култура и позитивно однесување, кажа Изабела Монева – Николовска, член на ИО на ВМРО ДПМНЕ.

Поради ова од ВМРО прашуваат:

  • Директорот и Градоначалникот да објаснат на јавноста –врз основа на која Програма, акт или друг документ е направена промената на фасадата? Која институција има издадено одобрение за сквернавење на местото кое предизвикува носталгични спомени од младоста кај возрасните? Дали и како е направена селекција на уметниците и уметничкото решение за промена на фасадата? И за крај, кој педагог одлучи дека со цртежи кои предизвикуваат страв и ужас се влијае позитивно врз детскиот раст и развој, праша Монева – Николовска.

Го заживуваме духот на младите и даваме простор за нивната краетивност, возврати директорот Трајков:

  • Домот на млади претходно имаше мурално уредување кое беше уништено од претходната директорка . Она што се трудиме е да го вратиме муралното уредување на Домот и да го заживееме духот на младите.  Истото е направено според Програмата за работа за 2018 година, а е остварено преку Кампот за таленти во кој учествуваа лица на возраст од 14-22 години, одговори Горан Трајков, дир, на Дом на млади – Штип.

Досега , Домот на млади има реализирано околу 40 настани, а со дел од нив имаат настапувано и надвор од границите на државата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here