ВМРО повикува на Марш во Штип

0
69

Во клучен историски момент, благодарение на политиките на власта, македонскиот народ е разочаран, понижен и без достоинство пред најголемата историска одлука, не гледајќи излез од оваа капитулација на македонштината, рекоа на прес од ВМРО ДПМНЕ, повикувајќи на протестен марш во Штип:

„Нема ниту една реформа во образованието, земјоделието, здравството, а капиталните инвестиции веќе една година се во стагнација. Наместо актуелните функционери да се залагаат за благосостојба на народот, тие јавно поттикнуваат поткуп, доделување на државни средства на владини функционери, вработување на членови од семејствата, доделување државни стипендии на министерски деца. Но, македонскиот народ е зрел и знае дека ова не е патот по кој треба да оди Македонија за да стигне пред портите на ЕУ и НАТО. Затоа, сите вие кои сте против овој предавнички договор, сите вие кои сакате да ја видите Македонија гордо исправена пред ЕУ и НАТО, сите вие кои сакате да го зачувате националното достоинство, ве повикувам во недела, во 13:00 часот да дојдете пред црква Св. Никола, заедно да маршираме. Овој марш да биде силна порака кон Заев и неговата Влада – Штип е град од каде потекнуваат бројни херои и државотворци, нема да дозволиме некој да гази по нивните дела и нивната идеологија“, рече Иван Јорданов, прет. на ВМРО ДПМНЕ – Штип.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here