Home Штип ВМРО: СДСМ си игра со меморијата и интелигенцијата на народот ....

ВМРО: СДСМ си игра со меморијата и интелигенцијата на народот . СДСМ: ВМРО е во паника

СДСМ си игра со меморијата и интелигенцијата на народот, па една иста работа ја рекламира и дислоцира по неколку пати, кажаа на прес од ВМРО ДПМНЕ:

„Најпрво, согласно Програмата „За живот во Штип“, затворен базен ќе имаше во СРЦ Суитлак. Со грабањето на власта, таа изјава се промени и дури се издаде и одобрение за градење во склоп на ООУ „Димитар Влахов“. За половина година, се промени и таа одлука, и се одлучи базенот да се стационира во салата „Јордан Мијалков“. Но, очигледно и таа локација не била конечна, па вчера, лично од градоначалникот дознавме дека затворен базен ќе имаме во населба Деснаци. Четири пати променета изјава, не е ништо другу туку играње со сеќавањето и интелигенцијата на народот“  изјави Игор Ефтимов, портпарол на ВМРО ДОМНЕ – Штип

СДСМ: ВМРО е во паника

Во изминатите две години во Штип се работи напорно и посветено за на граѓаните да им се обезбеди она што им е ветено, но и она што им е потребно, возвратија од СДСМ:

„Јасно е дека паниката во редовите на ВМРО ДПМНЕ е голема заради тоа што луѓето кои 10 години беа на власт ниту шајка не заковаа во Штип. Изградбата на новиот покриен базен започнува неделава, а објектот кој ќе биде изграден е современ и енергетски ефикасен.Агенцијата за млади и спорт заедно со Општина Штип вложуваат 600.000 евра за граѓаните на Штип да добијат покриен базен, што значително ја збогатува понудата на спортски содржини кои се на располагање на граѓаните“ изјави Трајче Стојчевски, претседател на СДММ – Штип

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

За пет месеци од обичен грип, во САД починале 16.000 лица а заразени се над 29 милиона !

Најмалку 105 деца починаа од грип во оваа сезона, покажуваат податоците објавени од страна на американскиот Центар за контрола и ...

ВИДЕО: Илјадници маршираа во Лондон за слобода на Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“ !

Илјадници луѓе во Лондон, маршираа за ослободување на Џулијан Асанж. Тие протестираа за да извршат притисок врз британската влада да одбие...

ФОТО/ВИДЕО: Први снимки од новиот костим на Бетмен, додека се снимаше во Глазгов !

Бетмен се спушти во Глазгов со целосен оклоп во црно додека во саботата снимаа сцени со брза бркање на мотор.

„Пријатели“ се враќаат на телевизија – Секој од актерите побогат за 3 милиони евра !

НBO Max ги обезбедил правата за серијата за 425. милиони доалри. Глумците ќе учествуават и во продукцијата на епизодите, а секој од...