ВМРО: Штип беше домаќин на парада на СДСМ, а не на Седница на Влада

122

Штип вчера беше домаќин на Парада на СДСМ, а не на Седница на Влада, обвинија денес преку писмено соопштение од опозициската ВМРО ДПМНЕ:

„Вчерашната седница на Влада во Општина Штип пластично ни го презентираше начинот на работа. Пристигнување со луксузни автомобили – на сметка на веќе постоечкиот сообраќаен метеж; посета на привилигирани компании – на сметка на оние кои не добиле грант за иновации; демонстрација на божемна работа – на сметка на манипулативните проекти …

Парадирањето пред граѓаните не ги решава нивните проблеми, туку само го зголемува бесот кон рекетарите во фотелји. Штипјани веќе ја прочитаа оваа лоша игра на СДСМ, а вчерашниот нивен настап во нашиот град беше доказ за тоа што веќе се знаеше“, стои во соопштението од ВМРО.

На ова реагираа од локалниот огранок на СДСМ:се истакнува во реакцијата.

„ За првпат во историјата на градот највисокото тело на извршната власт одржа своја седница во нашиот град. Врвот на македонската Влада, техничкиот премиер, вицепремиерката за економски прашања, како и број и министри и заменици министри беа во градот на државотворните и донесоа големи, важни, државотворни одлуки.На вчерашната седница на Влада во Штип и официјално беше донесена одлука за почнување со изградба на брана на реката Отиња.Таков успех, такво постигнување немало во сите мандати на сите советници и градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во Штип од нивното постоење па до сега“ стои во реакцијата на СДСМ