Внимавајте. Измама со наводно неисплатени пензии се шири во Државата. Досега наседнале 10-тина

123

Внимавајте. Измама со наводно неисплатени пензии се шири во Државата. Досега наседнале најмалку 10-тина граѓани . Сите тие во семејството имале неодамна починат пензионер.
Според изјави на дел од оштетените, измамникот им се јавил прво по телефон. Се претставил како службеник од Фондот за Пензиско и ги информирал дека на нивниот починат роднина, државата требало, но не му исплатила сериозна сума на пари. Сумите, кои ги кажувал се движеле од 250-400.000 денари.
Откако ќе го добиел вниманието на роднините, лажниот службеник барал од нив фотокопија од извод на родени и транкасциска сметка за наводно заостанатите пензии да се уплатат. За услугата барал 2.000 денари надомест.
Кога и после подолг временски период, контактираните очекуваните пари не ги добиле, дел од нив информации побарале во подрачните одделенија на ПИОМ. Таму само им кажале дека никој од кај нив не ги контактирал и дека нивниот починат роднина не го следувата никакви заостанати пари, зашто целокупните суми им биле исплатени уште додека биле живи.
Според информации на ТВ Стар, измамени има и од Источниот дел на државата, но досега официјална пријава до овдешната полиција се уште нема.
Случејот со измамите го истражува МВР, а во меѓувреме на граѓаните им се советува внимателност. Сите сомнителни телефонски јавувања и понуди, да ги пријават во полиција.