Војна меѓу Меси и Барселона: Не сака да се тестира за Корона не доаѓа на тренинг !

118

Лионел Меси, откако Барселона го одби неговиот предлог да се разделат како џентлмени со разумна компензација, започна војна со Барселона. Клубот ја прифати.Тој не се појави на задолжителниот тест за коронавирус, а тој рече дека нема да се појави ниту во клупскиот камп на првиот тренинг пред новата сезона.

Ставот на Меси ја изненади Барселона. Клубот очекувал неговата легенда да се појави на тестот и да започне со подготовките, бидејќи тој сè уште е играч на Барселона, иако сака да си замине. Меси, пак, верува дека не е должен да учествува во активностите на Барселона откако официјално побара да си замине.

Затоа постои непомирлива разлика во ставовите на суперѕвездата и клубот, кој инсистира на тоа дека во договорот со Меси стои дека тој е играч на Барселона до крајот на јуни 2021. Тој може да замине само ако друг клуб му исплати отштетна клаузула од договорот, што изнесува 700 милиони евра.