Во Атина, има недостиг од маски за лице – Кинеските туристи, купуваат залихи и за дома !

262

Стравот и превенцијата од сезонскиот грип, а пред сѐ од коронавирусот, ги наполнија аптеките во Атина, со резултат да постои недостиг на медицински маски. Ги купуваат Грци, но многу повеќе туристи, најголемиот број од Кина и за да ги искористат на аеродромите и за да ги однесат во Кина.

Во Атина, голем дел од аптеките што се во строгиот центар на грчката престолнина, немаат маски. Сопствениците на аптеките коментираат дека во изминатиот период се соочуваат со особено зголемена побарувачка. Tуристите од Кина, по неколкудневен престој во Грција, дома си заминуваат со пакувања од 30-50 маски, а во една аптека за помалку од четири часа се потрошиле 10 пакувања.

Брачен пар од Кина, кои туристички допатувале во Атина, купиле цела кутија со 25 маски. Одбрале да платат 65 евра, и наместо обични, да земат од оние за ебола, кои се за тридневна употреба.

Во јавниот превоз во Атина, особено во метрото, во изминатиот период веќе е секојдневие сѐ повеќе луѓе што носат маски. Некои едноставно сакаат да се заштитат од сезонскиот грип, други пак се исплашени од коронавирусот.

Фармацевтите велат дека нема покачување на цените во аптеките и тие се движат од 20 центи до 4 евра, во зависност од квалитетот на маската.