Во Виница поднесени три приговори за гласањето на референдумот

0
250

Три приговори понеле тројца виничани до Државната изборна комисија за денот на одржување на Референдумот. Еден од нив се жали  на повреда на заштита на личното избирачко право, а двајца се со приговор за заштита на гласачкото право при спроведување на референдум на државно ниво.

Сите три приговбори како неосновани се одбиени од членовите на ДИК и тие нема да бидат причина за поништување на гласањето на тие избирачки места.

По однос на првиот приговор членовите на ДИК одлучиле дека лицето кое се жали, извадил личен документ после денот на распишување на референдумот и не поднел барање за запишување во Избирачкиот список за време на јавниот увид .

Во вторите два случаја е донесен идентичен заклучок  кој гласи „нe е поднесен од граѓанин поради неправилности во постапка за гласање, сумирање и утврдување на резултатите на гласачкото место во кое бил присутен и е запишан во изводот од избирачкиот список за гласање, за она што лично го забележал или констатирал и го внел како забелешка во Дневникот за евиденција на настани“.

Сите тројца по однос на одлуката на ДИК имаат право на жалба до Врховниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението.

Инаку, на изборите во Виница во неделата , своето право на глас го искористиле 23 % од запишаните гласачи.  Од нив 3.629 гласале ЗА, а 375 ПРОТИВ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here