Во вонредна ситуација извршителите работат извонредно

188

Извршителите, за чиј активности  беше соопштено дека во време на Корона кризата ке бидат замрзнати ,  работат  со добар елан.   Во деновите кога сите  грчевито  го спасуват здравјето и егзистенцијата, на нив  тешки удари им испраќаат извршителите, се жалат граѓани.

„Најголем дел од извршителите искористија прилика налозите да ѓи пуштат до 31 март. На тој начин ги пуштија налозите на некои луѓе блокираа и им земаа третина од плата и пензија“ изјави Ана Глигорова, Здруж. Стоп за извршителите

Зошто и покрај Владината одлука извршителите извршуваат и  дали во предвид  ја имаат  хуманоста  во оваа систуација, никој од нив не сакаше да објасни.

Но, извесно е дека нивните активности нема да поминат без реакција  и соодветни активности од засегнатите:

„Активности да ќе бидеме на интернет со наши мислења и ставови околу ова“ изјави Ана Глигорова, Зсруж. Стоп за извршителите

Дали сето ова извршителите ке ги смири и ке ги седне дома   е  прашање   поради   што илјадници грагани   само што зедоа малку воздух  сега  повторно   се фрлени во неизвесност. Згора на ова, во сметките , и покрај владините ветувања, и бркнаа и банките. За нив,  вистинската неизвесност штотуку започнува.