Во Германија уапсен убиецот на бугарската новинарка !

0
250

Доцна синоќа во Германија е уапсен Бугарин осомничен дека го извршил бруталното убиство на новинарката Викторија Маринова, потврди бугарскиот јавен обвинител.

Телото на 30-годишната новинарка беше најдено во саботата во бугарскиот град Русе. Таа била силувана, а починала од последици на удари во главата и давење.

Осомничениот е идентификуван како Северин К. Роден 1997 година, против кого во отсуство е подигнато обвинение за силување и сурово убиство.

Министерот за внатрешни работи Младен Мариновизјавил дека постојат физички докази кои го поврзуваат момчето со убиството. Северин К. бил жител на Русе и имал претходно криминално досие за кражба на метал. Министерот додал и дека засега нема докази за поврзаност на убиството со работата на Маринова, но дека истрагата ќе продолжи .

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here